И ПСЖ е заинтересиран за Гризман – ММС
ММС

Објавено на: 03/19/19 9:42 AM

И ПСЖ е заинтересиран за Гризман

Францускиот напаѓач на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман повторно влегува во полето на интерес. Минатото лето тој беше на чекор од Барселона, но одлучи да остане, за што информираше со специјално подготвено видео.

Вчерашните информации во Франција пак, говорат дека Барселона го обновила интересот за играчот кој е разочаран од раната елиминација во Лигата на шампионите. Ситуацијата сепак ја следи и Пари Сен Жермен, каде што очекуваат разделба ова лето со Нејмар или Мбапе.

Дваесет и седумгодишниот Гризман повторно потпиша со „јорганџиите“ до летото 2023 година, со клаузула за раскинување од 200 милиони евра. Според француското издание „Екип“, до јуни таа ќе биде „само“ 120 милиони евра, што треба да ги натера дапобрзаат тимовите кои се заинтересирани за него.