Локализиран пожарот кај депонијата во Македонска Каменица – ММС
ММС

Објавено на: 03/19/19 9:36 AM

Локализиран пожарот кај депонијата во Македонска Каменица

Пожарот кој вчера избувна на градската депонија во Македонска Каменица е локализиран и спречено е негово ширење кон блиската шума. Денеска ќе биде организирана акција за целосно гасење на чадот кој се јавува на депонијата – соопшти Малин Трајчевски од Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица.

„Акцијата се одвиваше до доцните часови при што успеавме да спречиме пожарот да се прошири во поблиската околина. За денеска е најавено задушување на чадот со истурање на големи количини земја како би се спречиле понатамошни несакани ефекти“, соопштува Трајчевски.

Освен во Македонска Каменица рано утрово продолжи локализирањето на пожарот кој избувна кај месноста Унќово во делчевското село Вирче. Според информации од пожарникарите кои се на терен пожарот е ставен под контрола и набргу се очекува целосно негово локализирање.