Огорчување и пофалби – поделени реакции за руското признавање на Сверна Македонија – ММС
ММС

Објавено на: 03/18/19 8:39 PM

Огорчување и пофалби – поделени реакции за руското признавање на Сверна Македонија

Под веста за признавањето на нашата држава под новото уставно име Република Северна Македонија, што Руската амбасада ја објави на Твитер, следат десетина реакции, на главно огорчени и разочарни корисници на мрежата. Во продолжение дел од нив:

„Србите беа во право! ,,Не дај боже Грк да те храни, а Русин да те брани”….Збогум т.н. ,,браќа”!

„Ахахах, ФАЛА ВИ! Сега Македонците со сето срце ќе бидат на страната на “стратешкиот партнер”,затоа што во историјата секогаш сте не пуштале низ вода! Легализирате окупација. Сега на ред е да го признаете Косово“.

„Ви благодариме што не’ поддржувате да постоиме како држава и Ве сакаме“.

Дописничката на МИА од Брисел Тања Милевска со реобјавување на објава на руското МНР од 14 јануари 2019 година, потсетува на рускиот тврд став, што деновиве очигледно се сменил:

#Москва: Менувањето на името на Република #Македонија на ваков начин не претставува одраз на волјата на народот и не може да биде прифатено како решение… http://www.mid.ru/ru/foreign_policy/news/-/asset_publisher/cKNonkJE02Bw/content/id/3471933 …

Понатаму продолжуваат реакциите:

„Па нели ќе ја почитувате ВОЉАТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД искажена на референдумот на 30 септември. Или тоа беше дневно политички како и се друго до сега?!“.

„Засрами се, Русијо! Се потврди дека Русите никогаш не им помогнале на Македонците. Ниту сега! Никогаш нема да ви верувам, ниту некогаш ќе ве оправдувам! Македонскиот народ ќе ве запамети како непријатели“, и’ пишуваат корисниците на социјалната мрежа Твитер на Амбсадата на Руската федерација во Македонија.