100.000 рубли казна за непочитувачите на руската химна, знаме и устав – ММС
ММС

Објавено на: 03/18/19 7:47 PM

100.000 рубли казна за непочитувачите на руската химна, знаме и устав

Претседателот Владимир Путин ги потпиша измените на законот со кои се воведуваат парични казни за Русите, кои го шират она што властите го сметаат за лажни вести или кои покажуваат “бесрамно непочитување” за државата на интернет, објави официјалниот портал за правни информации на Русија.

Критичарите предупредија дека законодавството би можело да создаде механизам за државна цензура, но законодавците велат дека се неопходни нови мерки за борба против лажните вести и навредливи онлајн коментари.

Законодавството им доделува на властите моќ да ги блокираат веб-страниците со барање да се отстранат информациите, за кои што државата смета дека се фактички неточни.

Според новиот закон, поединците можат да бидат казнети со парична казна до 400.000 рубли (6.100 долари) за ширење на лажни информации на интернет, што доведува до “масовно кршење на јавниот ред”.

Луѓето кои покажуваат “бесрамно непочитување“ на државата на интернет, властите, јавноста, руското знаме или уставот, може да се казнат со парична казна до 100.000 рубли (1300 евра) според новиот закон. Доколку делото се повтори, следува казна затвор од 15 дена