По денешната прес конференција на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, СДСМ се огласи со писмено соопштение во кое и’ порача на опозицијата, да ги остави институциите да ја довршат започнатата истрага во врска со прислушувањето на обвинителите.
ВМРО-ДПМНЕ го брани насилството од 27 април. Партијата што брани криминал и насилници е симбол за нелегално прислушување, симбол на системско погазување на човековите права и слободи, денес да глуми загриженост за прислушување. Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да се помират што правдата започна да функционира, што се расчистува бруталниот упад од 27 април кога во огранизиран напад се случи обид за убиство на пратеници и државен удар – посочуваат од СДСМ.


