Нови проблеми за Франција и Манчестер Јунајтед – ММС
ММС

Објавено на: 03/18/19 3:57 PM

Нови проблеми за Франција и Манчестер Јунајтед

Францускиот репрезентативец Ентони Марсијал не е повикан во репрезентативниот табор на Франција за претстојните обврски, поради повреда.

Марсијал кој беше дел од тимот на Дидие Дешамп за квалификацискиот пе риод за ЕУРО 2020 година, за мечевите против Молдавија и Исланд сепак нема да игра.

Францускиот фудбалер се повреди на мечот од ЛШ против ПСЖ, па од тогаш наваму го играше мечот од ФА Купот против Волвс кој го загубија, но очигледно дека заработил нова повреда.

Според извештајот на француската федерација, Ентони Марсијал има проблеми со повредата на десната нога, почувствувал болки на последниот меч и затоа не е во комбинација за настапи во репрезентацијата.