Една мисла – милион разочарувања – Азар веќе „патува“ кон Мадрид… – ММС
ММС

Објавено на: 03/18/19 3:51 PM

Една мисла – милион разочарувања – Азар веќе „патува“ кон Мадрид…

Ново разочарување за Челси беше вчерашниот пораз на гостувањето кај Евертон, каде беа поразени со 2;0.

Со ова сега Челси дополнително ќе заостанува зад главните борци за топ4 оваа сезона, а дополнително сложено за нив ќе биде и тоа што за 2-3 кола гостуваат на „Олд Трафорд“, каде против директниот ривал Јунајтед ќе мора да извлечат позитивен резултат.

Но навивачите не се преоптоварени поради поразот, туку поради се поблиското заминување на Азар во Реал Мадрид.

Навивачите веруваат дека по ова Азар сигурно ќе „прекрши“ и ќе размисли сериозно за трансфер во Реал ова лето, а во прилог на тоа одат и информациите на шпанските весници дека Реал веќе доставиле соодветна понуда до „Стемфорд Бриџ“ за трансферот на овој играч.

Зидан се врати во Реал пред една недела, па сигурно дека ќе биде предизвик за Азар да се пресели во кралскиот клуб.