Ученици од различни средни училишта и моторџии од Крајстчрч им оддадоа почит на жртвите на терористичкиот напад со изведување на танцот хака.
Со положување цвеќе и минута молчење, учениците ја почнаа церемонијата на маорскиот танц во чест на жртвите во нападот, во кој во две џамии беа убиени 50 лица – пренесува „Гардијан“.
Моторџиите пред почетокот на танцот се заблагодарија на полицијата на Нов Зеланд на преземената акција по извршениот масакр.
Хака е важен дел од традицијата на Маорите од Нов Зеланд. Се изведува во група, со енергични движења и тропање по тлото, проследено со извици.


