Почина Дик Дejл, зачетникoт на сурф-рокот – ММС
ММС

Објавено на: 03/18/19 3:26 PM

Почина Дик Дejл, зачетникoт на сурф-рокот

На осумдесет и едногодишна возраст почина американскиот гитарист Дик Дејл, најпознат по инструменталката „Misirlou“, што Квентин Тарантино ја смести во својот култен филм „Евтини приказни“.

Дејл е познат по основањето на така наречен сурф-рок. Тој музички правец настана во почеткот на 60-те на минатиот век и инспирираше голем број гитаристи.

Музичарот починал саботата навечер, а неговата кариера траеше повеќе од пет десетлетија.