МВР демантира дека жената што шири говор на омраза работи во Министерството – ММС
ММС

Објавено на: 03/18/19 3:02 PM

МВР демантира дека жената што шири говор на омраза работи во Министерството

По пишувањата на извесната Фросина Мартиновска на Фејсбук, преку кои шири навредливи содржини за Албанците, со осуда реагираа медиумите. Ова пред се’ поради фактот дека на фотографијата Мартиновска е во полициска униформа. МВР демантираше дека Мартиновска работи кај нив. Во реакциите особено гласни беа медиумите на албански јазик, кои пишуваат дека таа не е обичен граѓанин, туку платата и доаѓа од граѓаните кои плаќаат даноци. Уште повеќе, работата на Мартиновска е да овозможи сите граѓани да се чувствуваат безбедни. Наместо тоа, таа ги навредува Албанците кои, според напишаното, сака да ги види мртви,пишуваат албанските медиуми. Некои од корисниците на социјални мрежи бараат од заменик-министерот Агим Нухиу таквите лица повеќе да не се дел од безбедносните структури и да преземе мерки против тие кои со ваквите изјави немаат место во мултиетничко општество“.

МВР денеска соопшти дека  од извршените проверки во персоналната евиденција на МВР констатирано е дека лице Фросина Мартиновска не работи во Министерството за внатрешни работи, како што беше пренесено во дел од медиумите.

-Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и понатаму ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Ги повикуваме сите граѓани ваквите случаи да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата [email protected], соопштија од МВР.

Од таму додаваат дека ќе поднесат кривична пријава против лицете, кое стои профилот Фросина Мартиновска.