Промовиран проектот „Лулка за чиста Матка” – ММС
ММС

Објавено на: 03/18/19 2:37 PM

Промовиран проектот „Лулка за чиста Матка”

Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на рециклирањето денеска беше промовиран проектот „Лулка за чиста Матка” кој е насочен кон заштита на  животната средина во населените места на кањонот Матка и течението на реката Треска.

Проектот го спроведува невладината организација „4SELECT” во соработка со јавното претпријатие „Комунална хигиена”.

– Со задоволство ја прифативме иницијативата за учество на ЈП „Комунална хигиена” – Скопје во проектот „Лулка за чиста Матка”. Нашите екипи веќе започнаа со расчистување на дивите депонии на терен и ќе продолжиме со спроведување на активности за собирање и селектирање на отпадот, со цел да се зачува зелената зона на споменикот на природата Кањон Матка, изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена”, Абдусамед Шабани.

Во рамки на денешниот настан беше покренат и TrashTag, а најмладите со музички перформанс испратија порака за спас на планетата Земја.