Интернет-страницата „Пипа“ ја објави рекордната цена што ја достигнал фламанскиот гулаб Армандо, кој е одгледан од еден од најугледните гулабари во Белгија. Конечната цена е 1.252.000 евра, објавува „Пипа“, не наведувајќи го идентитетот на купувачот.
Белгиската новинска агенција „Белги“, пак, наведува дека купувачот е Кинез, кој гулабот-рекордер ќе го користи во репродуктивни цели „за да добие нови шампиони“.