Хрватската претседателка и’ слави прв роденден на Кика – ММС
ММС

Објавено на: 03/18/19 1:44 PM

Хрватската претседателка и’ слави прв роденден на Кика

Откако пред шест месеци од стационар во Вировитица го вдоми тогаш шестмесечното кутре Кика, хрватската претседателка Колинда Грабар – Китаровиќ, како што истакна, се чувствала многу поопуштено, позадоволно и посреќно, а на граѓаните им препорача да вдомуваат, а не да купуваат животни.

Кика сега наполни една година, а претседателката на својот службен Фејсбук-профил напиша:„Кика, среќен ти прв роденден“, додавајќи емотивни фотографии и видео со претседателското куче, објавуваат хрватски медиуми.