Министерот за надворешни работи на Германија, Хајко Мас денеска изјави дека е пожелно на Велика Британија да и’ се даде повеќе време за постигнување договор за излегувањето од Европската унија.
„Мораме да знаеме што Британците сакаат, што е целта на продолжувањето на токот. Пред да дојдеме до Брегзит без договор, потребно е да се обидеме уште еднаш, а не само да расправаме за тоа што значи Брегзит без договор“, истакна Мас.
На прашањето дали Брегзит може да биде одложен за после изборите за Европскиот парламент во мај, тој оцени дека со секое одложување, ситуацијата станува потешка.


