Фото: NewsstandHub
Неколку лица се повредени откако непознато лице отворило оган врз патници во трамвај во холандскиот град Утрехт. Нападот се случил утрово на периферијата на градот, во близина на болницата Оуденријн, а полицијата ги блокира улиците околу местото на инцидентот – пренесе Македонската информативна агенција.
Според полицијата, нападот се случил во или во близина на трамвајот на скверот „24 октомври“, кој е веднаш затворен, а над местото на инцидентот кружат хеликоптери. Првичните информации говорат дека напаѓачот пукал од автомобил при шо веднаш избегал, но во потера по него веднаш се испратени три хеликоптери.
Се истражува можноста да се работи за тероризам.


