Циклон одзеде стотина животи во Зимбабве – ММС
ММС

Објавено на: 03/18/19 12:12 PM

Циклон одзеде стотина животи во Зимбабве

Најмалку 89 луѓе загинаа по ударот на циклонот „Идаи“, кој ги погоди источните и јужните делови на Зимбабве, а се очекува конечниот список на загинати да биде и подолг, јавуваат новинските агенции.

Циклонот предизвика хуманитарна криза во земјата која е погодена и од суша и од економски проблеми. Нивото на уништувањето излегува на виделина додека спасителите се обидуваат да дојдат до најзагрозените подрачја на границата со Мозамбик.

Округот Чиманимани е отсечен од остатокот на земјата по поројните дождови и ветреот од 170 километри на час, кои збришале патишта, мостови, куќи… Струјата и линиите за комуникација се прекинати.

Од ОН претходно соопштија дека повеќе од сто луѓе загинале во поплавите во Мозамбик и во Малави во последните неколку седмици.