На Попова шапка скијање по кратки ракави – ММС
ММС

Објавено на: 03/18/19 11:40 AM

На Попова шапка скијање по кратки ракави

Скијачката сезона на Попова Шапка се продолжи. Со новиот снег, сите ски лифтови викендов што измина беа пуштени во употреба. Од раководството на центарот, очекуваат скијање да им цел март ако се остварат прогнозите на метереолизите.

Скијачите велат дека одамна немало на Попова Шапка скијање во март. Посебно е чуствтото да се скија на топло време по кратки ракави. Велат дека Попова Шaпка ги има сите природни предуслови за развој на туризмот, но сепак треба во него да се вложува и да се подобри постојната инфраструктура.

Од раководството на скијачкиот центар, велат дека годинава вовеле електронски систем на наплата на ски карти, што било неопходно со цел да се намали манипулацијата со билетите. Наредната скијачка сезона се планира да се пушти во употреба новиот шестосед. Се пофалија дека оваа сеозона скијачите имале подобра безбедност.

Со скијачкиот цетнар Попова Шапка стопанисува државната компанија Елем Турс. По бурните реакции од јавноста центарот да му се издаде на приватен концесион кој бил менаџирал подобро со него, премиерот Зоран Заев изјави дека во тек е изработка на физибилити студија за вредноста на центарот, постапка која води до негова продажба.