Фото: Архива
Осумдесет и двегодишен маж од кочанското село Оризари, загинал во пожар. До несреќата дошло кога тој палел трева во нива на место викано Бели Камења, при што огнот брзо се проширил.
Пожарот го изгаснала екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани, а по овластување на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството.
Во ваква слична несреќа, неодамна животот го загуби и велешанец.


