Момче обвинето за реемитување на снимката од масакрот во Крајстчрч – ММС
ММС

Објавено на: 03/18/19 11:08 AM

Момче обвинето за реемитување на снимката од масакрот во Крајстчрч

Фото: Yahoo News UK

Судот во Крајстчрч обвини осумнаесетгодишно момче поради реемитување на снимката која ја емитуваше во живо, напаѓачот на две џамиии во тој град, при што уби 50 лица.

Судот не дозволи објавување на идентитетот на момчето, кое исто така, е обвинето за поттикнување насилство поради тоа што објави фотографија од џамијата Ал Нур во Крајстчрч, со текст: целта е погодена. За секое од обвиненијата, тој може да биде осуден на по 14 години затвор.

Судијата одби да го ослободи од претвор со кауција, поради што, момчето ќе остане таму до следното рочиште на 8 април.

Истражителите наведуваат дека засега не постои сомнение дека обвинетиот за реемитување бил директно вклучен во нападот.