Хјустон ја победи Минесота, а Вилијамс со звукот на сирената донесе победа за Клиперси – ММС
ММС

Објавено на: 03/18/19 9:16 AM

Хјустон ја победи Минесота, а Вилијамс со звукот на сирената донесе победа за Клиперси

Кошаркарите на Хјустон Рокетс ги искористија променливите резултати на Портланд и Оклахома и со победата над Минесота Тимбервулвс се искачија на третото место на табелата во Западната конференција на НБА лигата.

„Ракетите“ предводени од Крис Пол и Џејмс Харден со убедливи 117-102 ги срушија „волците“ и сигурно чекорат кон поповолна позиција за претстојниот плеј-оф. По израмнетите први две четвртини, во третата Пол ги разигра своите соиграчи и заедно го наполнија кошот на Минесота за стекнување на позитива од 15 поени, која на крај беше решавачка за заслужената победа од 117-102.

https://youtu.be/sIJVX01DFGI

Фантастичниот Лу Вилијамс со три поени со звукот на сирената го сруши Бруклин Нетс и на својот Лос Анџелес Клиперс му ја обезбеди 41. овосезонска победа (119-116) во НБА друштвото по која се зацврсти на 8. позиција во Западот, последна која води во разигрувањето на сезоната.

https://youtu.be/2RbNo3_j_K0