Том го победи Федерер и стигна до првиот Мастерс трофеј – ММС
ММС

Објавено на: 03/18/19 9:11 AM

Том го победи Федерер и стигна до првиот Мастерс трофеј

Иако важеше за голем аутсајдер на финалниот натпревар од Мастерсот во Индијан Велс, Доминик Тим не се предаде и во одличен натпревар го совлада легендарниот Роџер Федерер.

Австриецот со 2:1 по сетови (3:6,6:3, 7:5) го совлада Федерер и го спречи 37 годишниот тенисер да дојде до својата 101. АТП титула во кариерата.

Тим не го започна добро мечот затоа што Федерер направи брејк во вториот гем и ја држеше предноста до самиот крај на сетот.

Во наредните два сета Тим успеа да ја контролира својата игра и да му земе многу важни брејкови на Федерер по кои стигна до историската прва Мастерс титула во неговите витрини.