Две седници на собраниската Комисија за труд и социјална политика – ММС
ММС

Објавено на: 03/18/19 8:53 AM

Две седници на собраниската Комисија за труд и социјална политика

Собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска ќе одржи две седници.

На дневен ред на едната седница е Предлог – законот за практиканство, во второ читање, а на другата Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи, исто така во второ читање.

На оваа седница членовите на комисијата треба да го разгледаат  Предлог законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, во прво читање, а поднесен од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.