Со парола „Слобода за Митко Чавков“, членови на семејството, роднини, пријатели како и граѓани од Ново Село продефилираа низ Ново Село, во знак за поддршка на поранешниот прв човек на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков.
Поддржувачите го изразија своето незадоволство од изречената затворска казна во траење од 18 години за настаните во Собранието од 27 април.
Чавков е во притвор веќе неколку дена.


