Ви откриваме што значат тетоважите на Анџелина Џоли – ММС
ММС

Објавено на: 03/17/19 9:14 PM

Ви откриваме што значат тетоважите на Анџелина Џоли

Премиерата на новиот филм на Тим Бартон “Dumbo” привлече внимание не толку по приказната за слонот со огромни уши колку гламурозните гости. Една од нив e Анџелина Џоли и четирите нејзини деца со Бред Пит, а коментарите беа поттикнати од нејзината колекција на тетоважи, што таа толку љубезно им ја покажала на фотографите.

43-годишната актерка, која неодамна навести дека може да влезе во политиката, носеше бисерно сив фустан Versace длабоко исечен на грбот, благодарение на што можеше подобро да се видат нејзините тетоважи. На левата плешка таа има тетоважа со будистичка молитва посветена на нејзиниот син Медокс, посвоен од Камбоџа, а на горниот дел од левата рака се географските координати на родното место на сите нејзини деца.

На грбот има уште: древна будистичка мантра, план на будистички храм, како и бенгалски тигар, повторно посветен на престојот нејзиното во Камбоџа.

Но, најимпресивна е тетоважата по средината на ‘рбетот – џиновска мрежа која ги отсликува континентите и четирите земни сили – земјиште, вода, воздух и оган.