Села: Алими наместо херој ќе заврши во затвор – ММС
ММС

Објавено на: 03/17/19 8:09 PM

Села: Алими наместо херој ќе заврши во затвор

Судските процеси и пресуди истакна дека тие може да влијаат и на претседателските избори, закажани за 21 април, е ставот на лидерот на Алијасата за Албанците, Зијадин Села. Неговата партија денеска во Дебар одржа состанок на кој се расправаше по повеќе прашања.

– Судскиот процес за настаните од 27 април во Собранието на Македонија против Абдулфета Алими е политички монтиран процес, бидејки тој наместо да биде прогласен како херој доби казна од седум години затвор. Тој мене ми го спаси животот, а се суди затоа што не ги спречил во отварањето на вратите сторителите кои денеска се амнестирани и се на слободна, рече Села во врска со судскиот процес за настанате од „27 април” и пресудата на Алими.

Состанокот се одвиваше без прсуство на медиумите, по што изјава даде лидерот Зијадин Села.

– Во Македонија од незавиноста па се до овој момент,  никогаш не се одржани коректни и слободни избори. Така беше и на локалните извори. Она што се случуваше на изборите во Струга е доказ дека секогаш имало манипулации на изборите, бидејки имаше манипулација на гласовите од страна на СДСМ и ДУИ, посочи Села.

Села изјави дека централното Собрание, за кандидат на Алијансата за Албанците за градоначалник на Дебар на локалните избори на 21 април, го избрало д-р Арбен Аголи, познат дебарски педијатар, кој претходно доби подршка и од органите на огранокот на партијата во Дебар.

На централното Собрание на партијата се изгласани промени во статутот во врска со зголемувањето на бројот на партиските органи и тела, бидејки, како што рече, има видно зголемување на членството, а поширока дебата се водела околу настапот на партијата на претседателските и локалните избори на 21 април.

Села, исто така нагласи, дека Алијансата за Албанците на претседателските избори ќе го подржи независниот кандидат Блерим Река.