Заврши протестот во Белград: Се подготвуваат контрапротести за поддршка на Вучиќ – ММС
ММС

Објавено на: 03/17/19 7:32 PM

Заврши протестот во Белград: Се подготвуваат контрапротести за поддршка на Вучиќ

Фото: FoNet/Aleksandar Barda

Со обраќање на лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ попладнево заврши опозицискиот протест во Белград. Обрадовиќ порача дека демонстрантите бараат утре до 15 часот да бидат ослободени лицата, кои беа приведени за вчерашниот упад во зградата на РТС.  Тој побара лидерите на опозицијата да бидат секојдневно на програмите на државната телевизија и радио.

„Сите уапсени кои имаат меѓу 18 и 20 години, се тргнати од оваа станица и испратени во различни судови за прекршоци каде им се изречени различни мерки од 48 часови приведување до притвор од еден месец“, нагласи Обрадовиќ. Според него, доколку полицијата не ги солободи, организаторите ќе продолжат со протести се’ додека не бидат исполнети нивните барања.

Опозиционерите најавија дека се подготвуваат и контрамитинзи за поддршка на претседателот Александар Вучиќ

„Претседателот на Србија, Александар Вучиќ е луд бидејќи собира свои активисти за да ги испрати во Белград. Тој сака граѓанска војна ама ние нема да учествуваме во тоа. Кога пак ќе се собереме, нема назад. Тоа е крај“, нагласи Обрадовиќ.