Турски театар премиерно со изведба на претставата за деца „Јунаци од бајките и Црвенкапа“ – ММС
ММС

Објавено на: 03/17/19 6:22 PM

Турски театар премиерно со изведба на претставата за деца „Јунаци од бајките и Црвенкапа“

Актерите од Турски Театар – Скопје премиерно ќе ја изведат претставата за деца „Јунаци од бајките и Црвенкапа“. Со оваа претстава, НУ Турски Театар – Скопје  ја почнува програмата за 2019 година.

Министерството за култура за НУ Турски Театар – Скопје за 2019 година од буџетот одвои средства за проекти во режија на Васил Христов, Билге Емин и Џабир Доко. Од раководството на Театарот информираат дека додека ја реализираат програмата за 2019 година, паралелно се подготвуваат и за одбележување на 70-годишнината на НУ Турски Театар – Скопје во наредната 2020 година.

Претставата ќе биде изведена на сцената во Театар Комедија.