Дел од Општина Центар утре без вода – ММС
ММС

Објавено на: 03/17/19 6:15 PM

Дел од Општина Центар утре без вода

Корисниците од улиците „Васил Главинов”, „Скопска” и „Никола Кљусев” во Општина Центар утре од 9:00 часот ќе останат без водоснабдување.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е промена на шибер со пречник од 80 милиметри на улицата „Васил Главинов” на крстосницата со булеварот „Партизански одреди”. Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.