Опожарени две возила во Штип – ММС
ММС

Објавено на: 03/17/19 4:49 PM

Опожарени две возила во Штип

Утрово, околу 5 часот по полноќ, во полициската станица во Штип било пријавено дека на паркинг простор на улица „Сутјеска“ во Штип настанал пожар во патничко возило „Фиат Стило“ со штипски регистарски ознаки, сопственост на триесет и тригодишен штипјанец.

Пожарот зафатил и друго возило, исто така со штипски регистерски ознаки. Се работи за автомобил марка „Пежо 206“, сопственост на педесет и петгодишен штипјанец – информира портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова.

Пожарот го изгаснала Територијалната противпожарна единица Штип, а увид на местото на настанот извршила полициската екипа.