Македонија и тнр.„македонско сценарио“ по насилниот упад на демонстрантите на РТС, доминираа денеска на денешното обраќање претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Зборувајќи за улогата на полицијата и однесувањето во текот на интервенцијата со демонстрантите, Вучиќ рече со иронија рече дека зарем српската јавност ќе очекува однесување на власта кон полицијата и министерот, по македонскиот пример и пресудата за Митко Чавков.
-Големиот пријател на тајкунот Јеремиќ и Ѓилас, се пофали како го осудил Чавков на 18 години, затоа што не спречил граѓаните да влезат во Собрание, и сега многумина можеби сметаат дека и ние треба да размислуваме на тој принцип. Јас сметам дека нашиот министер Небојша Стефановиќ мислел дека има работа со одговорни луѓе и не очекувал насилства, изјави Вучиќ во одговор на новинарско прашање.


