Бројот на жртвите во нападот во Нов Зеланд се искачи на 50 – ММС
ММС

Објавено на: 03/17/19 2:44 PM

Бројот на жртвите во нападот во Нов Зеланд се искачи на 50

Полицијата од Нов Зеланд соопшти дека пронајдено е уште едно тело во една од џамиите што биле нападнати, со што бројот на загинатите во престрелките се зголеми на 50.

Новозеландскиот полициски комесар Мајк Буш ја објави информацијата за педесетата жртва денеска на прес-конференција. Тој вели дека 36 повредени остануваат во болница, од кои  двајца се во критична состојба.

Буш, исто така, рече дека двете лица што беа уапсени во исто време со осомничениот Брентон Харисон Тарант, изгледа дека не биле вклучени во нападите врз две џамии во петокот.

Тој вели дека еден од двајцата е ослободен, а другиот е обвинет за поседување на огнено оружје.