Фејсбук за 24 часа отстрани 1,5 милиони снимки од нападот во Нов Зеланд – ММС
ММС

Објавено на: 03/17/19 1:13 PM

Фејсбук за 24 часа отстрани 1,5 милиони снимки од нападот во Нов Зеланд

Компанијата Фејсбук во првите 24 часа по нападот врз двете џамии на Нов Зеланд отстранила 1,5 милиони снимки од тој грозоморен чин. Од нив, над 1,2 милиона се блокирани во текот на нивното поставување – соопштија од компанијата.

Од таму посочуваат дека ги бришат сите направени верзии од снимките кои не ја прикажуваат графичката содржина од почит кон луѓето погодени во нападот врз џамиите.

Напаѓачот на џамиите 17 минути во живо ги емитувал снимките од нападите преку Фејсбук, користејќи апликација направена за ентузијасти на екстремни спортови, а копиите неколку часа подоцна биле споделувани преку социјалните мрежи.

Во терористичкиот напад врз џамиите загинаа 50 лица.