Затворен аеродром на Нов Зеланд поради сомнителен пакет – ММС
ММС

Објавено на: 03/17/19 12:55 PM

Затворен аеродром на Нов Зеланд поради сомнителен пакет

Фото: Grant Bradley

Аеродромот во новозеландскиот град Данидину е затворен поради сомнителен пакет, соопшти денеска полицијата.

Полициски единици и специјални тимови пристигнале на аеродромот за да утврдат за каков пакет станува збор, се наведува во полициското соопштение.

Пред два дена во градот Крајстчрч на Нов Зеланд беше извршен терористички напад врз две џамии, при што загинаа 50 луѓе.