Пет млади лица повредени во сообраќајна незгода во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 03/17/19 12:17 PM

Пет млади лица повредени во сообраќајна незгода во Скопје

Пет лица се повредени синоќа во сообраќајна незгода кој што се случила на булеварот ,,Александар Македонски“ во Скопје. Повредени се возачите и сопатниците во двете возила.

Според информациите од полиција,незгодата се случила синоќа околу 23.50 часот на булевар „Александар Македонски“ помеѓу патничко возило „Рено меган“ со скопски регистарски ознаки, управувано од дваесет и двегодишниот А.М.Д. од село Сопиште, скопско и патничко возило „Опел вектра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од негов врсник А.А. од Скопје.

Со повреди се здобиле двајцата возачи, како и Н.А.(19) и И.А.(22) и двајцата од Скопје, сопатници во возилото „Опел вектра“ и сопатничката во возилото „Рено меган“, К.Л.(20) од Скопје.

Повредените од возилото „Опел Вектра“ со возила на итна медицинска помош биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им била укажана лекарска помош.

Повредените од возилото „Рено Меган“ биле пренесени во градската општа болница „8-ми Септември“ каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.