Нигеријка за прв прв пат мајка на 65 години – ММС
ММС

Објавено на: 03/16/19 9:22 PM

Нигеријка за прв прв пат мајка на 65 години

Нигеријката Комфорт Тимоти роди девојче во 65 година, пренесе агенцијата „Анадолија“.

Како што јавуваат локалните медиуми, Тимоти се омажила во 2001 година, но немала деца.

„Секој ден се молев да добијам ќерка, а молитвите ми се слушнати по 18 години. Станав мајка во 65 година. Секогаш треба да се молиме и стрпливо да чекаме на одговор. Мојот случај покажа колку е важно да се биде трпелив“, вели Тимоти.

Додава дека сопругот ѝ бил голема поддршка.

На детето му дале име Ајобами, што на јазикот на Јоруба племето, значи „Среќата стигна“.