Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, НБА ѕвездата Леброн Џејмс, како и агрентинскиот фудбалер, Лионел Меси се тројцата најпознати спортисти на светот во топ 100 изборот на ЕСПН.
Изборот кој американскиот спортски медиум го прави според тоа колку имињата на спортистите се пребарувани на интернет, колку следбеници имаат на социјалните мрежи и според тоа какви спонзорски договори имаат.
Така Кристијано Роналдо е на прво место со околу 148 милиони следбеници а социјалните мрежи. На второто место е Леброн со 45.3 милиони, додека Меси е трет со околу 103 милиони следбеници, но спонзорските договори му се помали од оние на Леброн, па затоа е на оваа позиција. Меѓу најдобрите пет се уште Најмар и Конор МекГрегор.
Во топ 10 уште се и тенисерот Роџер Федерер, потоа крикет играчот, Вират Коли, односно Рафаел Надал, Стив Кари и Тајгер Вудс.
Серена Вилијамс е првата дама на оваа листа, на 17 место, а следна е Марија Шарапова, дури на 37. место.


