Голем пожар во село Глишиќ – ММС
ММС

Објавено на: 03/16/19 12:58 PM

Голем пожар во село Глишиќ

Голем пожар беснее во селото Глишиќ, близу отпадот. Гори сува трева, а зафатени се и дел од лозје и дрвена бандера за струја.

Огнот со голема брзина се приближува и до други дрвца и тополи, а го гасне екипа на Противпожарната единица – Кавадарци. На самото место е и командирот, Александар Чадамов.

Се очекува на местото на пожарот да пристигнат и полицајци, како и инспектори за животна средина.