Пред да одлучи да го направи масакрот на Нов Зеланд,Австралијанецот Брентон Тарант седум години патувал низ светот и при тоа ги посетил и Србија, Хрватска,БИХ,Црна Гора, Бугарија, Романија ,Унгарија а неколку пати престојувал и во Турција.
,,Убиецот Брентон Тарант ,напаѓачот кој на Нов Зеланд започна ,,крвав пир“ го имал посетено Балканот, поминал низ Србија, Романија и Црна Гора 2016,а две години подоцна бил во Бугарија како турист“,изјави главниот бугарски тужител Сотир Цацаров на прес-конференција која што се одржала по завршувањето на состанокот со информативните служби на Нов Зеланд а по повод нападот во Крајстечерч.“
Прецизирано е дека Тарант престојувал во Србија во периодот од 28 до 30 декември 2016 година ,по што заминал во БИХ и Хрватска.
Цацаров информирал дека се вршат проверки на локациите во Бугарија во кои преноќил Тарант, напоменувајќи дека главно биле во прашања гостилници и помали сместувања, а не големи хотели.исто така се испитува дали имал контакти и колку од нив се државјани на Бугарија.


