Полицијата открила рибарски мрежи полни со Белвица ,трага по рибокрадците – ММС
ММС

Објавено на: 03/16/19 11:39 AM

Полицијата открила рибарски мрежи полни со Белвица ,трага по рибокрадците

При редовна патрола во водите на Охридското езеро, Полицијата открила рибарски мрежи  со улов.

Според информациите ,синоќа во периодот од 19.30 до 23.30 часот, при вршење патролна дејност во водите на Охридското Езеро, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор – Охридско Езеро, во близина на хотел во Струга, околу 600 метри од брегот на езерото, пронашле шест рибарски мрежи долги по околу 50 метри со улов од риба – охридска Белвица. Исто така, на околу 1000 метри од брегот на езерото биле пронајдени две рибарски мрежи долги по околу 50 метри, без улов. Риболовниот алат бил подигнат и однесен во Полициската станица за граничен надзор – Охридско Езеро за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот