Сопругата на сопственикот на Фокус, Никола Младенов кој загина во сообраќајна несреќа, во нејзиното вчерашно гостување на 1ТВ рече дека причината за несреќата во која тој загина е неприлагодена брзина.
„Сознанијата со кои јас располагам не ја менуваат фактичката состојба дека Никола загина поради неприлагодена брзина на условите на патот. Луѓето ја изгубија довербата кон сите институции и затоа се подгреваа различни сомнежи. Ќе повторам, причина за несреќата во која загина Никола е брзината“, посочи во гостувањето Билјана Младенова.