Масовниот убиец од Нов Зеланд изведен пред суд-Се насмеа и со прстите прати знак за предупредување – ММС
ММС

Објавено на: 03/16/19 10:24 AM

Масовниот убиец од Нов Зеланд изведен пред суд-Се насмеа и со прстите прати знак за предупредување

Со прстите покажа ОК знак со кој што прати јасна порака.Мирно стоеше со усни развлечени во насмевка во Окружниот суд во Крајстечерч.

Австалијанецот Брентон Тарант, кој во петокот во две џамии во Крајстечерч на Нов Зеланд уби 49 луѓе изведен е пред истражен судија кои соопшти дека напаѓачот останува во притвор без право на изјаснување за вина до 5 април кога му почнува судењето.Додека го воделе, ја искористил моќноста и со раката покажал знак кој што може да се протолкува како повик за продолжување на насилствата.

Сроведувањето не поминало без инцидент,како што пишува порталот НЗ Хералд,непознат маж се обидел да влеза во зградата на Окружниот суд, но го спречиле-тој со себе носел нож,а изјавил дека,,сакал да го убие човекот обвинет за терористички напад“ во кој беа убиени 49 лица,а 20 се ранети.