Колинда пишува докторска дисертација – ММС
ММС

Објавено на: 03/15/19 10:54 AM

Колинда пишува докторска дисертација

Факултетскиот совет на загрепскиот Факултет за политички науки го прифатил извештајот на комисијата за оцена на темата на докторскиот труд на студентката на докторски студии Колинда Грабар–Китаровиќ. Со тоа е прифатена темата на докторскиот труд на претседателката на Република Хрватска, која гласи: Одговорност за заштита (Р2П) – Концепт, предизвици, ограничувања и научени лекции (случај „Либија“).

Како што пишуваат хрватски медиуми, против прифаќање на извештајот гласал само д-р Дејан Јовиќ, кој, инаку, бил советник на поранешниот хрватски претседател, Иво Јосиповиќ. Јовиќ предложил во комисијата што ќе го оценува докторскиот труд на претседателката да се вклучи и стручњак од Либија, бидејќи смета дека никој од нејзиниот состав не е експерт за таа земја, што не било прифатено.