По војната во БиХ, мини убија 665 луѓе, а се смета дека има заостанато уште 79.000 мини – ММС
ММС

Објавено на: 03/15/19 10:47 AM

По војната во БиХ, мини убија 665 луѓе, а се смета дека има заостанато уште 79.000 мини

Во повоениот период од мини и неексплодирани убиствени средства во Босна и Херцеговина настрадале 1.758 луѓе, од кои 614 смртно, а при деминирање настрадале 121 минери, од кои 51 смртно, пишува „Мондо“.

Според процените, заостанати мини и касетна муниција од војната во 1990-тите има уште во 129 општини во БиХ, а Центарот за отстранување мини предупредува дека заостанатите мини и неексплодирани убојни средства директно влијаат на безбедноста на населението и на социоекономскиот развој на земјата.

Според процените, на 8.525 сомнителни микролокации во БиХ за заостанати околу 79.000 неексплодирани мини.