-Јас сум подготвен, тука сум, освен на 19 март кога патувам за Брисел заради презентацијата на успесите на нашата земја пред Советот за стабилизација и асоцијација, но тоа е само еден ден. Кој било друг ден сум тука и верувам дека на задоволство на граѓаните ќе има дуел каков што треба да има, рече премиерот Зоран Заев.
Претходно во текот на денот лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски напиша дека прифаќа телевизиско соочување со Заев.
„Ја прифаќам понудата за дебата со Зоран Заев од Канал 5 телевизија, и за разлика од него без некакви дополнителни услови и барања“, објави на Фејсбук Христијан Мицкоски.


