По прозинесување на лицата во однос на предлогот, судија на претходна постапка донесе решенија со кои го прифати предлогот и на Т.Ј. му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 т. 1 и 2 од ЗКП, на С.М. му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 т. 1, 2 и 3 од ЗКП и за К.Ј го прифати предлогот и определи мерки на претпазливост и тоа Одземање на патната исправа, Обврска за јавување во суд, Забрана за напуштање на живеалиштето и Забрана за вршење определени работни активности поврзани со кривичното дело, соопшти Судот.
Осномничените вработени во УБК, од кои едниот е поранешен шеф на кабинет на Сашо Мијалков, го оштетиле Буџетот на РМ за 824.000 евра, земале пари од фондот за оперативни акции и плаќање на дооушници од таканаречената „Спец каса“. Потоа документите ги уништиле.