Измамнамник со огревно дрва оперирал и во Кочани – ММС
ММС

Објавено на: 03/14/19 3:37 PM

Измамнамник со огревно дрва оперирал и во Кочани

Завчера во Штип,вчера и во Кочани ,измамник успеале да му ја собере заштедата за дрва и на Кочански пензионер.

Настанот во Полициската станица од страна на седумдесетичетиригодишниот С.П бил пријавен во текот на вчерашниот ден.Измамата се случила околу 11 часот.

Според информацијата од Полицијата измамникот  дошл во  неговиот двор на улица „4-та Македонска бригада“ и му понудил огревно дрво за продажба. Пензионерот се согласил и заедно отишле да ги видат дрвата кај негов сосед, а во меѓувреме непознатото лице се вратило назад и од сопругата на пензионерот  побарал 9.000 денари за дрвата. Таа му ги дала парите и измамникот си заминало.

Откако С.П. се вратил дома  сфатил дека бил измамен. Се работи на расчистување на случајот.