Петгодишно дете прегазено во двор – ММС
ММС

Објавено на: 03/14/19 3:22 PM

Петгодишно дете прегазено во двор

Дваесетипетгодишен штипјанец со нерегистрирано возило прегазил петгодишно дете во двор од куќа.

Според информациите од Полицијата ,сообраќајната незгода се случила во текот на вчерашниот ден во 18.05 часот во двор од куќа на улица ,,Дузлачки рид“.Возачот С.С со патничко моторно возило ,,Рено 19“ без регистарски ознаки удрило во петгодишното дете.Од ударот детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Комплексот клиники ,,мајка тереза“ во Скопје.

Увид на местото извршила екипа на СВР Штип и екипи од други надлежни институции.