Шар Планина се уште чека некој да ја заштити – ММС
ММС

Објавено на: 03/14/19 3:17 PM

Шар Планина се уште чека некој да ја заштити

И покрај најавите на министерството за животна средина, Шар Планина и оваа година нема да биде прогласена за Национален парк. Студијата за валоризација на овој планински масив се уште се изработува по штоп следува одлука во владата и собранието

Од Агенцијата на обединетите нации за животна средина, велат дека во тек е втората фаза одизработката на студијата за валоризација на природните вредности на Шара и се очекува таа да биде готова и презентирана на засегнатите страни дури на крајот на 2019 година.Засега се завршени теренските истражувања, следи дефинирање на границите на националниот парк, во кое ќе бидат вклучени општините и месното население

Министерот за животна средина Садула Дураку лани за медиумите изјави дека до крајот на оваа година, Шар Планина ќе биде прогласена за национален парк, со образложение дека тоа е еден од условите за влез во Европската Унија, која бара 12 проценти од територијата на секоја држава, да бидат национални паркови.

Но како и ветувањата на претходните власти така и ова ветување на министерот Дураку не се исполни. Во меѓувреме додека Шара чека некој да ја заштитт, на овој природен предел владее невидено безаконие, со дивоградби дива сеча на шума и слично, предупредуваат планинарите.

Паралелно со изработката на Студијата за валоризација до крајот на 2019 година ќе се изработи и Социо-економската студија за Шар Планина.

Зоран Димовски