Верушевски добил само 5% од прислушуваните разговори – ММС
ММС

Објавено на: 03/14/19 3:17 PM

Верушевски добил само 5% од прислушуваните разговори

Свиркачот Звонко Костовски на рочиштето за предметот Таргет-Тврдина на СЈО во Кривичниот суд кажа дека само пет отсто од прислушуваните разговори му се предадени на Зоран Верушевски.

Костовски, на прашање на обвинителката Ленче Ристовска, рече дека нема точна информација за бројот на разговори што биле изнесени и снимени, но, според него изнесени и предадени на Верушевски се околу пет проценти од вкупно нелегално прислушуваните разговори.

Во зградата кај железничка наречена „парламентарка“, Костовски рече дека во посебни простории постоел инсталиран компјутер што било направено на барање на Горан Грујевски, за нивни логистичар да може полесно да презема материјали, односно да не се движи постојано до УБК и назад до зградата, како и да не се створат сомнежи кај станарите во зградата.