Десетина повредени во судир на автомобил и минибус во Прилеп – ММС
ММС

Објавено на: 03/14/19 11:09 AM

Десетина повредени во судир на автомобил и минибус во Прилеп

Десетина луѓе се повредени во сообраќајна несреќа, што се случила синоќа на улицата „Александар Македонски“ во Прилеп помеѓу автомобил „Фиат пунто“ и минибус „Мерцедес спринтер“.

Според информациите од МВР, во судирот тешко повреден е возачот на автомобилот, сопатникот во истото возило и уште девет патници во минибусот.

На сите повредени им била укажана лекарска помош во Градската општа болница Прилеп. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп и Јавен обвинител.